Tuesday, May 6, 2014

Печатете во движење со ова револуционерно џебно принтерче

Печатењето не е мртво, а сега една компанија сака да го направи да биде мобилно.

Еден Израелски тим развива едноставен печатач со големина на тениско топче кој е компатибилен со било кој електронски уред и може да се користи било кога и било каде.

Џебниот принтер ZUtA го донесе печатењето до самото јадро. Ги отфрли скоро сите компоненти на традиционалните принтери и го задржа само најважниот дел – главата за печатење.

„Светот е мобилен и до одреден степен сме навикнати да имаме се што ни треба околу нас“, изјави ко-основачот на ZUtA Тувија Елбаум. „Цело време ме мачеше и ми немаше смисол како во 2014 година нема преносен принтер.“

Бидејќи уредот не бара никакви посебни драјвери, до уредот ќе може да се пристапува од компјутерите, паметните телефони и таблетите, или со користење на традиционалната принт функција или со апликација. Ќе работи со хартија со било каква димензија и ќе пречати околу 1000 листови стандардна хартија со заменлив инк кертриџ. Принтерот ќе може да работи околу еден час со полна батерија а ќе може да се полни преку USB кабел.

Уредот е дизајниран така што корисниците ќе може да го порамнат со аголот од хартијата за да се осигураат дека документот ќе биде испечатен исправено. Потоа се движи низ празниот лист на мали, мултидирекционални тркалца и притоа испушта мастило. Принтерот е наменет за помали документи, како билети или забелешки од состанок, но за поголеми проекти со повеќе страни, ќе почека корисникот да го постави на нов лист хартија пред да продолжи со работата. Една просечна страна текст ја печати за некаде околу 40 до 45 секунди.



Овој проект излезе од Friedberg Entrepreneurship Program, која што го обезбеди почетното инвестирање, користење на објекти и професионални насоки, додека Елбаум и ко-основачот Матан Каспи беа запишани на колеџот за технологија од Ерусалим. Името на лабораторијата доаѓа од древниот Арамејски збор за мал.

Идејата за ZUtA џебниот принтер беше инспирирана од лична потреба. Елбаум вели дека како претприемач, често се наоѓал во ситуација каде што работи во движење и често бил фрустриран поради фактот дека можеме да направиме сè со мобилните телефони само не да печатиме. Другите принтери кои се рекламирани како преносливи се ограничени на големината на хартијата што ја користат, што значи дека ни од далеку не можат да бидат мобилни како што е производот на ZUtU.

„Немаме апликација за таа намена“ рече Елбаум. „Би сакал мојот телефон да можеше да печати, но не може. Тоа е светски проблем.“

Во моментов, главниот фокус на тимот е комплетирање на финалниот прототип на принтерот, но исто така има и некои долгорочни цели на памет. Првата верзија на принтерот ќе биде црно-бела, но во иднина може да се направи и колор принтер. За сега принтерот е тестиран само на хартија, но тимот разгледува опции принтерот да може да печати и на било каков материјал што ќе му се најде на корисникот при рака.

Кикстартер кампањата за ZUtA џебниот принтер беше доста успешна. Собра повеќе од 450 000 $ на 12 денови пред крајот, а целта беше 400 000 $. Уредот кој ќе се продава за 240 $ се очекува да влезе во производство во Септември и до Јануари да се испорача на Кикстартер поддржувачите.

Thursday, September 26, 2013

3 добри причини да купувате тонери и кертриџи онлајн

Кога купувате принтери веројатно доста истражувате претходно за да го најдете принтерот што највеќе ви одговара по најдобра цена. Но колку често го правите истото кога купувате инк кертриџи или тонер касети.

Повеќето луѓе едноставно одат до локалната продавница за потрошни материјали и си купуваат инк кертриџи или тонер касети на регуларна основа, трошејки по неколку илјади денари годишно без ниту секунда да размислат за тоа. Но еве, читајќи ја оваа статија барем Вие ќе видите колку купувањето онлајн е не само лесно, туку доаѓа и со значителни заштеди на трошоците.

Еве три добри причини да купувате инк кертриџи и тонер касети онлајн:
  1. Купувајте од било каде, било кога. Да одите до продавницата за тонери зема време и енергија. Со цените на горивата што редовно се покачуваат и со сообраќајот во Скопје што знаеме каков е, тоа навистина може да биде главоболка. Штом конечно стигнете таму, има голема веројатност да начекате гужва и чекањето ќе биде максимално фрустрирачко. Купувањето на принтер или тонер онлајн е голема предност бидејќи не сте ограничени тоа да го сторите во одредени работни часови. Тоа можете да го направите 24/7. Со системот за пребарување на интернет продавницата како mojtoner.mk доволно е само да го одберете вашиот модел на принтер или бројот на потрошниот материјал (тонер/кертриџ) и ќе добиете разни опции од различни производители со потрошни материјали за повеќе или помалку страници, со спецификации итн. Можете да споредувате цени, да одбирате бои, да видите колку отпечатени страни добивате со некој конкретен производ и сето тоа да го направите од удобноста на вашиот дом или канцеларија со само неколку кликови. 
  2. Заштедите пари. Купувањето на мало значи да платите повеќе од вредноста на самиот производ. Физичка продавница има сметки и вработени за плаќање. Од друга страна онлајн продавниците тука заштедуваат и таа заштеда се пренесува на крајните потрошувачи. Тука повторно се во игра потрошените пари за превоз кои често се поголеми отколку испораката до дома.
  3. Споредете ги вашите опции. Купувањето онлајн за инк кертриџи или тонери ви овозможува да споредите разни опции како ОЕМ (оригинални) инк кертриџи или тонери, компатибилни инк кертриџи или тонери и преработувани (полнети) инк кертриџи или тонери. Фирмите како Аполо носат компатибилни инк кертриџи или тонери по многу добри цени но покрај добрите цени Аполо нуди и гаранции  и поддршка и е на пазарот повеќе од 10 години со презадоволни клиенти. Затоа не двоумете се и користете ја интернет продавницата на Аполо – mojtoner.mk 



Thursday, September 5, 2013

Кој е најмалиот преносен принтер?


Во последно време во западниот свет се појави тренд на побарувачка на што е можно помали преносни принтери. Таквите малечки преносни принтери ги бараат компаниите што имаат продажни тимови на терен и за нив не е потребно ништо што е фенси и повеќето не ни бараат бои. Тие само сакаат нешто што е ефтино, доверливо и може да ја заврши работата кога некој има потреба да испечати нешто додека е на лет од некое бизнис патување или има потреба да испечати договор во истиот момент!


PlanOn го претстави она што тие го нарекуваат „најмалиот преносен Bluetooth и USB принтер во светот што печати целосна страница“ и го нарекоа PrintStik. Овој модел нуди cloud базирана мобилна апликација која им овозможува на Android и на BlackBerry корисниците да печатат безжично преку Bluetooth. Корисниците исто така можат да печатат преку USB конекција од било кој уред со USB функционалност. Користи термална хартија така што нема да се грижите за да купувате инк кертриџи (мастило) и дали имате доволно мастило. Предложената малопродажна цена за нашиот пазар би била помеѓу 200 и 400 евра во зависност од моделот.

PlanOn има извонреден веб-сајт за нивниот производ, затоа во продолжение се линковите за да проверите сами за што станува збор.

http://www.planon.com/home
http://www.planon.com/products/printstik

Претпоставувам дека, фамозната изрека „Големината навистина е важна“ навистина значи нешто во овој случај.

Friday, July 26, 2013

Што всушност е 3D печатење?


Што доколку постоеше технолошки уред кој кога е поврзан со вашиот компјутер би можел да печати цврсти предмети. Ако ви звучи нешто како од „Star Trek“ размислете повторно! Иако сме далеку од нивото на телепортацијата од „Star Trek“, 3D печатењето е реалност и има потенцијал да го измени светот што го знаеме.

Што е 3D печатење?

Ако никогаш не сте слушнале за 3D печатење, не е изненадувачки. Иако технологијата се користи во индустријата околу 30 години, 3D печатачите за крајните потрошувачи и за малите бизниси почнуваат да земаат замав од неодамна. На кратко, 3D печатењето е адитивна произвотствена техника која се користи за градење на објекти во повеќе слоеви. Откако еден слој е испринтан и создаден, се појачува, се додава друг слој и така натака. Овој процес може да трае неколку часови, но сепак крајниот резултат е опиплив 3D објект.

За што се користи 3D печатење?

Најчестата употреба на оваа технологија е да создаде брзи прототипи во рамките на индустриската област. Овие прототипи се докажало дека се многу корисни за архитектите, производителите на автомобили итн. Значи изводливо е индустриските 3D печатачи да креираат финални производи – особено во случај на метални предмети. Традиционално, обработката на метални компоненти би започнала со парче метал поголемо од готовиот дел. Од ова парче метал би се отстраниле деловите каде што треба да има дупки и заоблувања. Замислете сега дека со користење на 3D печатач би го добиле првиот дел со сите вдлабнувања, дупки и контури финиширан! Заштедите во време и материјал кои можат да се реализираат се огромни.

Потрошувачки-ориентирани 3D печатачи, од друга страна, пак, обично се користат за хоби и лични интереси. Овој тип на 3D печатење е повеќе за уживање во гледањето на она што може да направите со оваа нова технологија. Дури и мал десктоп 3D печатач би чинел преку 2000 $ но доколку сакате да бидете први во вашата населба што поседувате 3D принтер и сакате да ги совладате новите технологии, може ќе најдете оправдување за цената.

Кои методи се користат во 3D печатењето?

Постојат неколку различни методи за печатење на 3D објекти од кои можете да бирате. Овие опции се базираат според материјалот за печатење, бројот на посакувани бои, преферираната резолуција и цената. Еве неколку од најчестите техники користени за печатење во 3D:

• Моделирање со топење и напластување (Fused deposition modeling) – Ова е најчестиот метод кој се користи во 3D печатењето. Моделирање со топење и напластување (Fused deposition modeling - FMD) користи калем/навој од или пластична или метална жица која што се топи и се поставува од млазникот на печатачот. Материјалот брзо се стврднува, пред да се додаде следниот слој.

• Инкџет печатење – Овие модели се најслични со уредите кои веќе се користат во домовите и канцелариите за стандардното 2D печатење. Со користење на специјални мастила (како смоли и врзива), еден 3D инкџет печатач ќе изгради објект преку напластување на слоеви (layering). Овие печатачи се единствените од ваков вид што овозможуваат боење по желба.

• Селективно ласерско синтерирање (синтерирање е процес на претворање на материјал од прав во цврста или порозна маса со процес на загревање (често и комресирање) без ликвификација). Со селективно ласерско синтерирање (SLS), материјалот во прав може да биде од метал, пластика, керамика или стакло. SLS користи пулсирачки ласер за да „нацрта“ пресек на објектот што треба да биде испечатен. Веднаш штом се фузира правта, се формира друг слој на горниот дел. Овој метод вообичаено се користи во индустрискиот сектор, бидејќи се бара употреба на моќен ласер.

• Дигитална светлосна обработка – Најчесто рефериран како DLP (Digital light processing), овој метод на печатење конвертира буре од полимер во силен цврст материјал со помош на изложување на светлина. Со користење на овој метод може да се постигне огромна прецизност и резолуција. Како SLS, овој метод генерално се користи во индустриската област.

Која е иднината 3D печатењето?


Тоа ќе потрае некое време, но целта на 3D печатењето е да го смени начинот на кој светот води бизнис и содејствува. Еден ден технологијата ќе ни овозможи да создадеме буквално се – од алатки до играчки и се помеѓу нив. Можеби во иднината ќе можеме да праќаме по факс материјални објекти, елиминирајќи ја потребата од поштенски услуги и пакети. Само времето ќе каже што оваа технологија може да постигне за нас, но иднината може да биде многу поблиска отколку што мислите!

Monday, June 24, 2013

Симптоми, проблеми и решенија за ласерски принтери - втор дел:

Механички симптоми.

Доколку проблемот не е квалитетот на отпечатокот, веројатно е механички проблем, еве неколку чести механички проблеми:

Лошото повлекување на хартија е најчестиот проблем од механичка природа. Понекогаш принтерите не успеваат да ја повлечат хартијата од фиоките, а понекогаш две хартии можат да се залепат и така настанува заглавување. Постојат неколку причини и поправки за лошото повлекување кои ќе ги посочиме во оваа статија.

• Доколку типот на хартија не е поддржан од страна на принтерот или пак хартијата е премногу тешка, премногу лесна или премногу мазна ќе ви се случува лошо повлекување и заглавување на хартијата. Решението би било користењето на тип на хартија што е поддржан од производителот и наведен во спецификацијата на принтерот. Бидете особено внимателни доколку печатите лабели/декларации бидејќи има принтери кои едноставно не го повлекуваат овој тип на хартија и предизвикуваат разни проблеми, вклучувајќи лошо повлекување и лепење на лепливата хартија на ролерите.
• Доколку листовите се лепат помеѓу себе, едноставно одвојте ги и издувајте ги за да се намали виткањето и лепењето.
• Доколку се повторува лошото повлекување на хартијата, можеби причината за тоа да бидат слаби федери во фиоката за хартија. Еден трик што можете да го пробате е да ставите поголема количина на хартија во фиоката за да ги притиснете федерите. Доколку ова не профункционира и не ги „измами“ федерите тогаш веројатно треба да ги замените нив или целата фиока. Доколку сте викнале техничар да го направи ова за вас, осигурајте се дека ќе ги провери и ролерите, бидејќи загреани ролери може исто така да бидат причина за повторливо лошо повлекување на хартија.

Заглавување на хартија

Еден многу чест проблем што го гледаме е заглавување на хартијата. Се случува кога хартијата не поминува соодветно низ принтерот. Заглавувањата настануваат кога се користи погрешен тип на хартија, кога хартијата е влажна, кога има мали парчиња хартија внатре во принтерот кои останале од претходни заглавувања, но често се чини и дека без некоја посебна причина хартијата се заглавува. Верувајте, толку често се случува да се заглави хартијата „без конкретна причина“ што е повеќе отколку што можете да замислите. Како и да е, секогаш најдоброто решение е темелно да се исчисти принтерот.

Изобличен отпечаток

Изобличените отпечатоци се јавуваат кога отпечатениот текст или слика не е во рамка како што треба да биде. Најчесто вината за вакавиот принт е во погрешното ставање на хартија во фиоката. За да се корегира проблемот, отстранете ја хартијата од фиоката, исправете ги рабовите на хартијата и повторно ставете ја во фиоката точно во рамките како што е впрочем и обележано во фиоката.

Проблеми со слики

Има неколку различни типови на проблеми со слики а ние овде ќе се обидеме да укажеме на оние најчестите на кои најверојатно ќе наидете.

Испечатената слика не е онаа која што сте ја испратиле од вашиот компјутер. Оваа грешка е обично на компјутерот а не на принтерот. Поради некоја причина компјутерот му пратил погрешни команди на принтерот. Ова не е проблем на принтерот туку на компјутерот па во ваков случај повикајте некој од IT.

Измешани податоци/текст е уште еден од честите проблеми што нормално е предизвикано од комуникациска грешка кога командата се праќа на принтерот. Најдобро е и во овој случај да повикате некој од IT но има некои решенија кои би можеле и сами да ги пробате. Проверете дали кабелот од принтерот и добро приклучен а ако е лабав, приклучете го добро, ресетирајте го принтерот и повторно испечатете го документот. Потоа можете да проверите дали комуникациските подесувања помеѓу принтерот и компјутерот се во ред и испечатете една тест страна како потврда за тоа. Ако и тоа не помага, тогаш принтерот може да има контролер кој не работи како што треба и во тој случај треба да го поправи сервисер за принтери.
Изгубени карактери се најчесто комуникациска грешка, пробајте да ги следите истите чекори предложени за случајот за измешани податоци.

Погрешен фонт, комуникациска грешка, софтверска грешка или фонт што недостасува – повикајте некој од IT.

Поделена слика – се мисли на случаи каде што сликата е поделена и опфаќа две страници. Причина за ова може да биде откажување на дел од принтерската меморија или немање доволно меморија за печатење на комплексни графички работи. За да се реши овој проблем потребно е да се инсталира повеќе меморија во принтерот.

Поделен текст – оваа состојба е ретко предизвикана од принтерот но може да се појави кога има недостаток од меморија за печатење на голем број на карактери. Најдобар можен начин за решение на овој проблем е да пробате да инсталирате дополнителна меморија на принтерот.

Ова се некои доста чести проблеми и нивни решенија, но доста важно е да знаете дали проблемот што ве мачи доаѓа од компјутерот или од принтерот. Ако веќе ништо од понуденово не ви помага, јавете ни се на нас бидејќи ние имаме докажани експерти од остручени за поправка на сите типови на принтери.

Tuesday, June 4, 2013

Симптоми, проблеми и решенија за ласерски принтери - Прв дел:


Мора да се согласиме сите дека принтерите се едни од најисфрустрирачките парчиња опрема што ги поседуваме во нашите канцеларии. Сигурен сум дека секој работник во канцеларија барем еднаш посакал да грабне една од тие машини направени во пеколот и да ја фрли од трети спрат. Верувале или не имам видено и технички лица како понекогаш им доаѓа да си кубат коса бидејќи иако ги направиле сите процедури правилно за да проработи принтерот, тој сепак уште го има истиот проблем.

Со сите тие ласерски принтери што денес можете да ги сретнете, навистина е невозможно да се остане во чекор со сите проблеми што може да ви се случат, особено тоа е случај со канцелариските работници кои се трудат да си ја завршат нивната работа. Но сепак постојат некои универзални симптоми на ласерските принтери кои што можат лесно да се поправат без разлика на марката или моделот. Дури и да не сакате да примените некои од овие решенија, барем ќе знаете што се случува што ќе направи да биде многу полесно објаснувањето на некое техничко лице. Во оваа статија ќе идентификуваме некои од најчестите симптоми кои што се појавуваат кај ласерските принтери и ќе ги откриеме изворите на овие проблеми и симптоми.

Лошиот квалитет на печатењето е веројатно еден од најчестите проблеми што ги слушаме од нашите потрошувачи, и во продолжение има некои брзи поправки за најчестите проблеми и симптоми.

Симптом: Нејасен или матен принт е вообичаено предизвикан од влажна хартија.
Решение: Пробајте со печатење на свежо отпакувана хартија што не била изложена на било каков тип на влага.

Симптом: Степенот на црно варира низ страната. Ова исто така е познато како хоризонтална променлива густина на печатење. Ова може да биде предизвикано од малку тонер во касетата. Други причини што може да го предизвикаат ова се навален принтер или доколку принтерот е блиску до светлосен извор.
Решение: Извадете го и протресете го принтерот за да се редистрибуира тонерот внатре во касетата. Поместете го принерот на рамна површина или помалку осветлена површина.

Симптом: Вертикална променлива густина на печатењето е уште еден типичен проблем.
Решение: Можно е да е чист ролерот, затоа едноставно исчистете го.

Симптом: Сив отпечаток (принт) често е резултат на две причини: Или сетинзите за густината треба да се подесат или OPC драмот е проблематичен.
Решение: Заменете ја тонер касетата.

Симптом: Сива позадина или црните делови се појавуваат како сиви. Ова генерално се случува кога се нанесува премногу тонер.
Решение: Во подесувањата намалете ја густината.

Симптом: Точки на страната што се појавуваат на исто растојаните (голем интервал над 7 сантиметри). Ова генерално е предизвикано од гребнатина или дупка во OPC драмот.
Решение: Заменете ја тонер касетата.

Симптом: Точки на страната што се појавуваат на исто растојаните (мал интервал под 7 сантиметри). Ова може да е предизвикано од тонерот или од фузерот.
Решение: Заменете го чистачот на фузерот, исчистете го фузерот или заменете го фузерот.

Симптом: Дамки на листот можат да се појават од нечистотија или истурен тонер во принтерот.
Решение: Исчистете го принтерот.

Симптом: Тонерот се размачкува кога ќе се протрие хартијата.

Решение: Проверете го и заменете го фузерот.

Thursday, May 30, 2013

Нова технологија која ќе спречи вашиот кертриџ да се исуши


Еден од тековните проблеми со инкџет кертриџите е дека ако не се користат доволно често, мастилото што ќе остане внатре во секој од микроскопските млазници во главата на кертриџот ќе се исуши. Ајде за момент да се вратиме на една брза лекција за глави на кертриџи. На сите инкџет принтери, она што всушност го капнува мастилото на хартијата е тоа што се нарекува глава. Постојат глави што се прикачени на самите кертриџи но и глави што се вградени во внатрешноста на принтерот.

Ова е пример на кертриџ со глава:

(А) Електрониката која што ја добива информацијата од компјутерот што и кажува на главата (В) колку мастило и каква боја мастило да испука од секој млазник. Може да има од 600 до 1200 микроскопски млазници на една глава од кертриџ.

Ова е пример на кертриџ без глава, кои се всушност само резервоари на мастило:

Во двата системи млазниците можат да се запушат со исушено мастило, најчесто од нередовно користење на принтерот. Некористењето на принтерот е смртоносно и е главната причина за запушувањето на млазниците. Има ли начин да се спречи запушувањето? Тим од инженери од Универзитетот во Мисури иновираа млазница што спречува запушување а нивната инспирација беше човечкото око. Како филм од масло што го спречува сушењето на човечкото око, така новите млазници користат капки на силиконско масло за покривање на отворот на млазниците додека не се во употреба. Бидејќи инкџет млазниците се толку мали и основата во која што се поставени е многу ограничувачка област, обидот да се копира движењето на очниот капак не доаѓа во предвид. Она што иноваторите го направија беше движење на маслото преку млазниците со помош на електрично поле.

Еден од членовите на иноваторскиот тим го објасни на следниов начин, „Покривката на млазниците што ја измисливме беше инспирирана од човечкото око. Окото и млазникот на инкџетот имаат ист проблем: не смеат да се исушат но сепак треба да бидат отворени. Ние користевме биомимикрија, имитација на природата за да решиме човечки проблеми“. Повеќето инкџет принтери ќе се обидат да ги исчистат млазниците со форсирање на рафал од мастило низ нив, но ова е скапо и се троши мастило непотребно. Со други зборови, мастилото што го плаќате многу скапо го користите како раствор за чистење! Да напоменеме дека овој метод на чистење на млазниците троши многу мастило! Значи плаќаме многу скапо мастило и потоа го користиме како раствор за чистење на запушените млазници. Па мора да постои подобар начин!

Може се прашувате зошто компаниите што ги изработуваат овие инкџет кертриџи не размислиле на оваа тема или зошто не најмиле тим на стручњаци кои би поработеле на оваа проблематика. Одговорот е едноставен, повторно е лакомост во прашање. Еден од најпознатите производители на инкџет принтери е познат по тоа што користи огромни количини на мастило за да ги исчисти нивните инкџет глави кои што се склони на запушување. Има случаи низ светот каде што потрошувачи купуваат цел сет на кертриџи во обид да ги отпушат инкџет главите и истите да дојдат следниот ден по нов сет бидејќи потрошиле цел сет во обид да ја отпушат главата на принтерот! Ова е win-win за тој производител. Ако оваа постапка не им профункционира треба да направат одлука – да купат повеќе мастило или да се откажат и да го фрлат принтерот и да купат нов принтер. Во најмала рака ова не е воопшто еколошки!

Доколку оваа технологија проработи, се прашувам какви се шансите принтерските гиганти да го прифатат решението. Моето мислење е дека нема да направат ништо, а впрочем зошто би направиле? Зошто би се откажале од дел од продажбата на мастило за печатење? Во случај пак главата да е вградена во принтерот и таа да е запушена единствениот избор може да биде да се фрли принтерот и да се купи нов што значи повеќе пари за производителот.

Само времето ќе покаже дали оваа технологија ќе стигне до јавноста, кој знае можеби на големите момци ќе им омекне срцето и за промена ќе почнат да се грижат за крајните потрошувачи наместо да се грижат само за профитот и ќе направат нешто што ќе им помогне на крајните потрошувачи да заштедат пари. Да не заборавиме дека тоа ќе и помогне на природата бидејќи ќе има помалку отпад во депониите.


Да видиме што ќе се случи.