Monday, April 15, 2013

Како да печатите безбедно документи со HP принтер


Се сеќавате ли на вестите од технолошкиот блогер Адам Хауард и како тој открил дека постојат повеќе од 86 800 HP принтери до кои лесно може да се пристапи низ „брзо и добро стокмено пребарување на Google“ како што тој изведе. Вестата сама по себе беше вознемирувачка, но HP секогаш ги охрабрувал корисниците на нивните принтери да ги заштитат истите со поставување на огнен ѕид (firewall) , лозинки како и обезбедување на мрежни акредитиви (network credentials) само на нивните корисници со цел да се избегнат вакви појави.

Но како можете да се осигурате дека сте ги направиле потребните мерки за да бидете сигурни дека безбедно печатите документи на вашиот HP принтер? Подолу се чекорите, или подобро кажано генералниот процес за како безбедно да печатите документ на вашиот HP принтер.

Чекор 1 – Од file менито, кликнете “Print”

Чекор 2 – Кликнете “Properties” и потоа кликнете на табот “Destination”

Чекор 3 – Под карактеристиките на “Destination” одберете “Job Retention” и потоа кликнете на “Options”

Чекор 4 – Под “Job Retention Mode”, одберете “Print Job”

Чекор 5 – Внесете го вашето име, доделете име за тоа што ќе го печатите (print job) и потоа внесете го вашиот пин код од 4 цифри.

Чекор 6 – Одете до принтерот, одберете ги името што го внесовте за работата што ќе ја печатите и внесете го пин кодот.

Оваа процедура во основа е наменета за безбедно печатење на документи во поголеми компании. Од друга страна сеуште постојат многу закани кои можат да пенетрираат во системот, затоа се препорачува компаниите кои користат мрежни принтери да бидат во можност да ги надгледуваат и управуваат нивните принтерски околини со едноставно заштитување на нивните документи, со заштита на информациите како на пример енкриптирани print jobs или со користење на вградена безбедност (IPSec) за заштита на податоците кои се споделуваат во облакот.

Но покрај безбедното печатење треба да се погрижите да ги користите вистинските потрошни материјали (тонери и кертриџи) за вашиот HP принтер, како на пример високо квалитетни компатибилни тонери и кертриџи, за да бидете сигурни дека вашите принтери ќе работат без никакви проблеми. Затоа обратете се кај нас за да ви помогнеме да го направите правиот избор.

Thursday, April 11, 2013

Како да заштедите мастило без да прекинете да печатите?


Дали сте запознаени со она чувство кога го губите разумот во моментот кога ќе се појави пораката – „имате уште малку тонер“? Јас сум.

Иако печатењето не е бесплатно, тоа е неопходно за секој бизнис. Потребно е да се печатат фактури, брошури и многу други документи кои треба да ги споделите со вашите клиенти или колеги, така што не можете да прекинете со печатењето.
Барајќи решенија за заштедување на мастило додека се печати истата количина на документи, пронајдов три алатки кои се лесни за користење со кои можете да се послужите и да започнете да заштедувате.

1. EcoFont

EcoFont е софтвер кој најчестите фонтови како што се Arial, Verdana, Calibri, Times New Roman и Trebuchet MS ги претвора во еко-пријателски фонтови на тој начин што става мали дупчиња во секоја буква. Овој софтвер е достапен за купување на нивната веб страна и моментално е достапен само за Windows корисници.

Доколку не сакате да плаќате за целиот софтвер, исто така можете бесплатно да симнете фонт што се вика EcoFont Vera Sans кој што можете лесно да го инсталирате во вашиот компјутер и да почнете да го користите во сите апликации како на пример Word или Adobe. Овој фонт е истестиран и дупчињата се видливи кога фонтот е со големина 14.

2. GreenPrint

Ова е моќна алатка за мерење и намалување на трошоците за печатење во претпријатијата и домовите. Со овој софтвер може да се анализира волуменот на печатење и може да се идентификуваат можности за заштеда, како на пример бројот на страни што се печатат во боја наспроти оние кои се печатат во црно-бело. Овој софтвер доаѓа со „Советник“ опција која што ги идентификува најниските опции за печатење и конечно доаѓа со „преглед“ (preview) опција со која што можете лесно да управувате со тоа кои страни од документот сакате да ги печатите. Исто така можете да бришете слики од документите или пак да наместите само одредени страни да се печатат во црно – бело.

3. Print What You Like

PrintWhatYouLike.com е вебсајт што овозможува да земете било кое URL и да го модификувате изгледот при печатење за да го отпечатите само тоа што сакате. На пример, можете да бришете реклами, слики, цели секции итн.

Tuesday, April 9, 2013

Дали плаќате премногу за вашите оригинални тонери?


Повеќето луѓе не знаат доволно за компатибилните тонери. Некои мислат дека компатибилните тонери ќе ја поништат нивната гаранција на принтерот. Тоа воопшто не е точно. Други веруваат дека квалитетот на испечатените страници нема да биде добар. Тоа исто така не е точно. Компатибилните тонери се произведени со истите ОЕМ стандарди на вашиот ласерски принтер. Тие гарантирано ќе бидат исто толку добри, ако не и подобри од оригиналните тонери. Тие ќе  отпечатат ист број на страници со ист квалитет.

Можеби вистинската причина, зошто повеќето луѓе не открија како да ги преполоват трошоците при купување на тонери е тоа што веруваат во она што го велат големите компании кои што произведуваат принтери. Големите принтерски компании трошат илјадници долари секоја година да ве обесхрабрат од намерата да ги купите и пробате компатибилните тонери. Што Вие мислите, од каде доаѓаат сите тие пари за реклами?

Работата е малку иронична. Дали знаете дека големите принтерски компании Ви продаваат компатибилни и преработени тонери? Проблемот е што плаќате голема цена за нивниот бренд тонер. Погледнете ја декларацијата/етикетата на пакувањето. Погледнете дали пишува „произведено од нови и рециклирани делови“... Ова доволно кажува.

Точно е дека компатибилните тонери се поефтини. Сепак тоа не е тонер со ефтин квалитет. Компатибилен тонер е нов тонер произведен од компанија што не ги произведува принтерите. Направен е од целосно нови делови. Го содржи точно тој тонер прашок што е потребен за вашиот ласерски принтер. Повеќето компании даваат едногодишни гаранции со целосно враќање на парите за нивните компатибилни тонери. Вообичаено компатибилните тонери можете да ги купите по половина од цената на новите оригинални (ОЕМ) тонери.

Јас лично бев доста среќен со отпечатоците од оригиналниот тонер. Бев сосема неподготвен да пробам компатибилен тонер. Конечно, решив дека нема да боли доколку пробам само еден компатибилен тонер. Впрочем, таков тонер чини половина од цената на оригинален.

Кога купувате оригинални тонери плаќате седум пати повеќе од цената што сте ја платиле за вашиот ласерски принтер. Ова е базирано на нормален животен век на еден принтер од пет години. Доколку вашиот принтер трае повеќе од пет години, како што повеќето принтери траат тогаш ќе платите уште повеќе.

Првото нешто што го забележав беше тоа дека квалитетот на отпечатокот од компатибилниот тонер е исто толку добар како и од оригиналниот тонер. Потоа си помислив дека нема да трае. Но згрешив. Компатибилниот тонер дури отпечати повеќе страни од оригиналниот што го имав претходно. Не само што добив повеќе страни со ист квалитет, туку и платив помалку од половина од цената на оригинален тонер. Кога добро ја пресметав цената по страна, испадна дека заштедував 70% со користење на компатибилен тонер.

Подоцна купив уште еден таков компатибилен тонер и ги добив истите резултати. Единственота работа што се промени низ годините е дека јас сега плаќам многу помалку за компатибилни тонери. Морам да признаам дека во тој голем период од десетина години имаше и еден компатибилен кертриџ и  еден тонер кои едноставно не работеа како што треба. Но компанијата ми ги замени за нови веќе следниот ден, без ништо да доплатам. Она што го научив е следново – доколку сакате да ги намалите трошоците за тонери и кертриџи на половина, купувајте компатибилни тонери и кертриџи, но има една битна работа. Купувајте ги компатибилните тонери и кертриџи исклучиво од реномиран снабдувач. Ова е навистина важно.

Доколку сакате да заштедите пари на тонери еве што треба да направите:
Проверете на интернет детали за таквите компании – колку години се на пазарот, со кои брендови работат и најбитната работа е да се распрашате кои купувале од таа компанија и дали се задоволни. На крајот секако проверете дали даваат ганранција на производите и дали би ги замениле доколку не функционираат.

Friday, April 5, 2013

Зошто печатењето не е зло.


Да, сите сме ја виделе следнава порака насекаде на Интернет – „Не го печатете овој e-mail, можете да зачувате милиони дрвја годишно.“

Не е тајна дека една од најпознатите кампањи на еко-активистите е воздржувањето од употреба на хартијата и генерално ограничување на печатењето. Оваа зелена акција ги освои меинстрим корисниците на Интернет и во целина е доста вкоренет, утврден концепт. Нашата намера не е да се конфронтираме со оваа идеја на зелената рационалност, туку да покажеме со практични примери зошто идејата за избегнување на печатењето можеби и не е толку интелигентна.

Да замислиме една училница полна со студенти на почетокот од една нова календарска година. Да претпоставиме дека професорот подготвил документ кој би требало да се користи повеќе пати во текот на годината. Знаејќи дека неговите студенти се добро запознаени и дека повеќето од нив ги користат таблет компјутерите, Мекбуковите и паметните телефони, професорот се прашува дали не би било подобро за околината да направи документот да биде достапен само во дигитален формат, наместо да им даде печатени копии на сите негови студенти.

Образложението може лесно да се одговори, следејќи едноставна формула осмислена од Џонатан Ланг на неговиот блог од Универзитетот од Торонто. Најдобрата алатка што ја имаме за да направиме споредба на влијанието врз животната средина за било кој метод е да ја погледнеме стапката на CO2.

1. Печатењето на еден лист хартија резултира во 6 грама на CO2 по страна.
2. Користење на компјутер резултира во 60 грама на CO2 во период од еден час.

Корелацијата е прилично јасна. Печатењето на документ/страница треба да се разгледува во поглед на времето кое што ќе го потрошите за да ја прочитате. Така, доколку го пресметате читањето на една страна, ќе видите дека тоа трае во просек повеќе од 6 минути според што логички, подобра опција би била да ја испечатите.

Доколку ја читате оваа статија, добра работа е да го направите тоа на компјутер, бидејќи е многу неверојатно дека ќе ви одземе повеќе од 6 минути. Сепак во многу други случаи, еден документ се чита повеќе пати или пак се дели со повеќе читатели. Еден таков пример може да биде извештај од компанијата кој ќе биде споделен со колегите, или документ кој ќе се користи како референца од студентите за одреден временски период или флаер со информации за контакт и спецификации на една куќа во продажба.

Уште поинтересен е фактот дека емисијата на CO2 може да се намали за половина доколку се користи рециклирана хартија преработен тонер. Ова значи дека мноштвото од документи е подобро да се испечатат отколку да се читаат и користат во дигитален формат.

Да не заборавиме дека хартијата е обновлив производ и дека може да трае до 500 години, додека нашите сакани компјутери се чини дека имаат значително помал животен век и за жал се изработени од многу малку обновливи материјали.

Thursday, April 4, 2013

5 работи што треба да се земат во предвид при купувањето на принтер


Без разлика дали купувате во Аполо, или на друго место, купувањето на принтер може да стане голем и досаден проблем. Најмногу поради фактот дека она што го гледаме однадвор на принтерот не е ни 20 % од она што принтерот навистина е. Се разбира, секогаш можете да го прочитате листот со спецификации кој е во прилог со секој печатач, но дали навистина знаете што барате, во однос на резолуцијата и внатрешното работење?
Многумина се соочуваат со сличен проблем како овој. Еве да речеме дека барате принтер во боја кој е брз и ефтин и ќе ги задоволи барањата на еден мал бизнис. Почнете да гледате по веб сајтови и ќе видите еден куп информации кои не ги разбирате, па затоа е најдобро малку да истражувате или да прочитате некој ваков едноставен водич за купување на добар принтер.

1. Ласерски или инкџет?

Инкџет принтерите се оние принтери со течно мастило/боја што сме ги гледале со години. Овие принтери се добри, но кога станува збор за брзина и квалитет на отпечаток не се најдобрата опција. Од друга страна, ласерските принтери се побрзи и даваат подобри резултати во поглед на квалитетот поради тонерот со пудра поради кој не е потребно време за сушење и никогаш не протекува. Тие се исто така потивки од инкџет принтерите и тонер касетите можат да испечатат многу повеќе страници во споредба со регуларните инк кертриџи.

2. Бренд?

По логичниот избор дека ласерските принтери се подобри од инкџет принтерите ќе се запрашате кој бренд е најдобар. Најчестите и најдобрите производители на мали и средни принтери се: Canon, Samsung, HP, Xerox и Toshiba, но одлуката зависи од тоа колку сте спремни да платите и од искуствата на другите кои веќе ги купиле конкретните принтери.

3. Само печатење?

Постојат различни типови на принтери кои можете да ги најдете на пазарот. Најчести се еднофункционалните принтери кои можат само да печатат. Но исто така постојат и принтери со скенер и мултифункциски принтери кои вклучуваат принтер, скенер и копир. Мултифункциските принтери се лесно претпознатливи бидејќи во нивното име секогаш стојат MFP буквите (Multi-Function Printer); овие принтери се подобри за честа употреба и за канцеларии.
Значи ако ви е потребно само обично печатење на фактури за вашиот бизнис или ви е потребен за факултет тогаш веројатно не ви е потребно ништо друго освен обичен принтер. Но доколку имате потреба од скенирање или копирање тогаш сериозно размислете за MFP принтерите.

4. Безжичен?

Безжичните принтери ја имаат функцијата да го синхронизираат вашиот принтер со други компјутери со помош на Wi-Fi. Во суштина ова е корисно во ситуација кога имате повеќе компјутери кои сакате да можат да го користат истиот принтер без притоа да морате да приклучите било каков кабел, туку со едноставно конфигурирање преку Wi-Fi мрежа.

5. Скапи тонер касети/инк кертриџи?

Важно е да се фокусирате и на цената на тонерите/кертриџите бидејќи понекогаш цената на истите ја надминува цената на принтерот за помалку од една година. Има многу различни опции за купување на тонери/кертриџи без притоа да се компромитира квалитетот на отпечатоците, како на пример компатибилни или преработени тонер касети, инк кертриџи и други делови. Само запомнете дека треба да се осигурате дека добавувачот е доверлив и дека нуди добра гаранција.