Thursday, May 30, 2013

Нова технологија која ќе спречи вашиот кертриџ да се исуши


Еден од тековните проблеми со инкџет кертриџите е дека ако не се користат доволно често, мастилото што ќе остане внатре во секој од микроскопските млазници во главата на кертриџот ќе се исуши. Ајде за момент да се вратиме на една брза лекција за глави на кертриџи. На сите инкџет принтери, она што всушност го капнува мастилото на хартијата е тоа што се нарекува глава. Постојат глави што се прикачени на самите кертриџи но и глави што се вградени во внатрешноста на принтерот.

Ова е пример на кертриџ со глава:

(А) Електрониката која што ја добива информацијата од компјутерот што и кажува на главата (В) колку мастило и каква боја мастило да испука од секој млазник. Може да има од 600 до 1200 микроскопски млазници на една глава од кертриџ.

Ова е пример на кертриџ без глава, кои се всушност само резервоари на мастило:

Во двата системи млазниците можат да се запушат со исушено мастило, најчесто од нередовно користење на принтерот. Некористењето на принтерот е смртоносно и е главната причина за запушувањето на млазниците. Има ли начин да се спречи запушувањето? Тим од инженери од Универзитетот во Мисури иновираа млазница што спречува запушување а нивната инспирација беше човечкото око. Како филм од масло што го спречува сушењето на човечкото око, така новите млазници користат капки на силиконско масло за покривање на отворот на млазниците додека не се во употреба. Бидејќи инкџет млазниците се толку мали и основата во која што се поставени е многу ограничувачка област, обидот да се копира движењето на очниот капак не доаѓа во предвид. Она што иноваторите го направија беше движење на маслото преку млазниците со помош на електрично поле.

Еден од членовите на иноваторскиот тим го објасни на следниов начин, „Покривката на млазниците што ја измисливме беше инспирирана од човечкото око. Окото и млазникот на инкџетот имаат ист проблем: не смеат да се исушат но сепак треба да бидат отворени. Ние користевме биомимикрија, имитација на природата за да решиме човечки проблеми“. Повеќето инкџет принтери ќе се обидат да ги исчистат млазниците со форсирање на рафал од мастило низ нив, но ова е скапо и се троши мастило непотребно. Со други зборови, мастилото што го плаќате многу скапо го користите како раствор за чистење! Да напоменеме дека овој метод на чистење на млазниците троши многу мастило! Значи плаќаме многу скапо мастило и потоа го користиме како раствор за чистење на запушените млазници. Па мора да постои подобар начин!

Може се прашувате зошто компаниите што ги изработуваат овие инкџет кертриџи не размислиле на оваа тема или зошто не најмиле тим на стручњаци кои би поработеле на оваа проблематика. Одговорот е едноставен, повторно е лакомост во прашање. Еден од најпознатите производители на инкџет принтери е познат по тоа што користи огромни количини на мастило за да ги исчисти нивните инкџет глави кои што се склони на запушување. Има случаи низ светот каде што потрошувачи купуваат цел сет на кертриџи во обид да ги отпушат инкџет главите и истите да дојдат следниот ден по нов сет бидејќи потрошиле цел сет во обид да ја отпушат главата на принтерот! Ова е win-win за тој производител. Ако оваа постапка не им профункционира треба да направат одлука – да купат повеќе мастило или да се откажат и да го фрлат принтерот и да купат нов принтер. Во најмала рака ова не е воопшто еколошки!

Доколку оваа технологија проработи, се прашувам какви се шансите принтерските гиганти да го прифатат решението. Моето мислење е дека нема да направат ништо, а впрочем зошто би направиле? Зошто би се откажале од дел од продажбата на мастило за печатење? Во случај пак главата да е вградена во принтерот и таа да е запушена единствениот избор може да биде да се фрли принтерот и да се купи нов што значи повеќе пари за производителот.

Само времето ќе покаже дали оваа технологија ќе стигне до јавноста, кој знае можеби на големите момци ќе им омекне срцето и за промена ќе почнат да се грижат за крајните потрошувачи наместо да се грижат само за профитот и ќе направат нешто што ќе им помогне на крајните потрошувачи да заштедат пари. Да не заборавиме дека тоа ќе и помогне на природата бидејќи ќе има помалку отпад во депониите.


Да видиме што ќе се случи.            

Thursday, May 23, 2013

Како да сетирате безжичен принтер


Популарноста на безжичните принтери значително се зголеми во изминатите неколку години, главно поради фактот дека принтерите ги користат повеќе корисници (shared printer) и поради тоа дека можат да се постават скоро секаде. Со се поголемиот број на мобилни уреди како таблети и паметни телефони, сега ја имате моќта да печатите од каде било, се додека сте во рамките на вашиот Wi-Fi, се подразбира. Повеќето принтери што се произведени последниве неколку години се лесни за инсталирање и подесување, дури и како безжична единица, но ние имаме неколку совети и трикови за да можеме да ви помогнеме да ја завршите работата побрзо и поедноставно.

Претоставувајќи дека вашата безжична мрежа веќе функционира, потребни ви се две информации за да почнете да инсталирате принтер, а тоа се SSID или име на вашата безжична мрежа и лозинката доколку мрежата е заклучена (како и што треба да биде). Доколку ви е потребна помош околу ова, погледнете го делот „Наоѓање на вашето SSID и Password“ кој се наоѓа на дното на оваа статија.

Главниот ограничувачки фактор при инсталирањето на безжичен принтер е дали посакуваната локација ќе прима добар безжичен сигнал. Ние ви предлагаме да земете некој уред што има Wi-Fi (паметните телефони се одлични за оваа задача), дисконектирајте го од Wi-Fi мрежата и донесете го уредот точно на местот каде што сакате да го поставите принтерот. Доколку вашиот уред/паматен телефон може да ја види wireless мрежата и има добар сигнал, тогаш можете да продолжите со инсталацијата. Доколку сигналот е лош или непостоечки, треба да размислите за нова локација на принтерот или пак да го доближите рутерот до принтерот (или некоја поцентрална локација).

Било кои големи метални предмети, вклучувајќи градежни елементи како што се носачи, па дури и лизгачки врати и прозорци ќе влијаат на безжичниот сигнал. Некои постари згради кои користат мрежасти жици во деловите со гипс картон го блокираат скоро цел безжичен сигнал. Дури и премногу затворени врати или ѕидови ќе го деградираат сигналот. Ако вашиот безжичен сигнал е слаб или испрекинат, поместете го принтерот поблиску до вашиот рутер и избегнувајте пречки. Доколку ви е потребно да ја проширите вашата мрежа, постојат бустери за безжичен сигнал кои што се приклучуваат на ѕидот и дејствуваат како репетитори, продолжувајќи го сигналот од едниот крај на куќата/станот/канцеларијата до другиот.

Некои модели на принтери треба да се поврзат директно на компјутер (вообичаено постари модели што немат LCD дисплеј на принтерот), но повеќето можат да се сетираат на нивната финална локација. Доколку вашиот принтер сепак треба прво да се поврзе на компјутер за да се инсталира софтверот, тогаш можете привремено да го поставите принтерот блиску до вашиот компјутер кој веќе е поврзан на вашата домашна мрежа, така што ќе можете да продолжите со инсталацијата. Доколку имате лаптоп е секако полесно бидејќи ќе го конфигурирате принтерот на местото каде што планирате да го поставите. Долгорочно гледано, опциите за локацијата се доста флексибилни.

Поврзување на вашиот принтер

Откако ја одредивте локацијата на вашиот принтер, време е да го отпакувате и сетирате. Принтерите со LCD дисплеј, вообичаено ви овозможуваат да ја конфигурирате безжичната конекција директно од нивните менија. Принтерот ќе ги детектира мрежите што се во домет, потоа изберете ја вашата мрежа и внесете ја лозинката и скоро сте готови. Повеќето принтери овозможуваат да го „закачите“ вашиот принтер на рутерот преку жичана конекција или „етернет“, и така можете да ја конфигурирате безжичната конекција преку веб прелистувач. Други постари модели на принтери треба директно да се поврзат со компјутер преку USB кабел за да се конфигурира безжичната конекција како што веќе споменавме.

Автоматска инсталација

Откако го поврзавте принтерот со мрежата, можете да го стартувате цд-то што дојде заедно со вашиот принтер за да ги инсталирате драјверите и екстра софтверот на вашиот компјутер. Доколку не сакате да инсталирате дополнителен софтвер, изберете ја опцијата за мануелно инсталирање.

Мануелна инсталација

Некои корисници сакаат да го ограничат бројот на софтверски апликации што ги инсталираат на нивните компјутери. Тие корисници што сакаат да ги избегнат екстра програмите што автоматски се инсталираат доколку изберете автоматска инсталација имаат опција да изберат што сакаат да инсталираат преку мануелната инсталација. Една корисна забелешка: Windows 8, 7 и Vista доаѓаат со многу драјвери за принтери. Доколку наидете на проблеми при печатењето, ве молиме симнете ги последните драјвери од вендорот и инсталирајте ги пред да пријавувате било какви проблеми. Во случаи каде „сертифицирани“ Windows 8 и Windows 7 драјвери не се достапни, обидете се со користење на еквивалентните Vista драјвери.

  1. Доколку се обидувате да додадете мрежен принтер во вашата канцеларија, обично ќе ви биде потребно името на печатачот. Доколку не можете да го најдете, прашајте го вашиот мрежен администратор.
  2. Отворете „Control Panel“ во класичен преглед и одете во „Hardware and Sound“. Кликнете „Add a device or printer“. Од десната страна ќе имате листа на уреди што вашиот компјутер ги детектира на мрежата. Доколку е во можност да го „види“ вашиот принтер, теба да биде излистан во оваа листа.
  3. Одберете го принтерот што сакате да го користите и кликнете „Next“. (Доколку вашиот компјутер е поврзан на мрежа, имајте на ум дека само принтерите кои се излистани во Active Directory за вашиот домеин се прикажани на листата.)
  4. Доколку биде побарано, инсталирајте го драјверот за принтерот на вашиот компјутер со кликање на Install driver. Доколку ви е побарана администраторска лозинка или потврда, искуцајте ја лозинката или потврдете. Завршете ги дополнителните чекори во wizard-от и кликнете на Finish.

  1. Start → Control Panel → Devices and Printers → Add Printer Ова ќе го покрене Wizard-от за додавање на принтери.
  2. Изберете Add a network, wireless или Bluetooth принтер.
  3. Windows ќе ја пребара мрежата за достапни принтери и ќе ги излистува како што ќе ги открива еден по еден. Доколку ја имате IP адресата од принтерот што сакате да го инсталирате, едноставно направете двоен клик на името на принтерот. Доколку Windows нема достапен драјвер за принтерот, ќе ви биде побаран драјвер.
  4. Ако едноставно не можете да чекате, или принтерот за кој што сте заинтересирани не беше на листата изберете „The printer that I want isn’t listed“. Ова ќе ви овозможи да ја одберете IP адресата на принтерот што се обидувате да го инсталирате. Од оваа точка треба да сте во состојба да го комплетирате инсталирањето.
  5. Ќе бидете прашани да го преименувате принтерот, да овозможите споделување (sharing) и да го поставите принтерот како дифолтен системски принтер. Не е препорачливо да го споделувате принтерот.




  1. Отворете Printers, со кликање на Старт копчето, па Control Panel, Hardware and Sound и на крај Printers.
  2. Кликнете Add printer.
  3. Во Add printer wizard-от, одберете Add a network, wireless or Bluetooth printer.
  4. Од листата на достапни принтери, одберете го оној што сакате да го користите и кликнете Next. Доколку вашиот компјутер е поврзан на мрежа, само принтерите излистани во Active Directory на твојот домејн се прикажани на листата.
  5. Доколку ви е побарано, инсталирајте го драјверот за принтерот на вашиот компјутер. 
  6. Доколку ви е побарана администраторска лозинка или потврда, внесете ја лозинката или обезбедете ја потврдата.
  7. Довршете ги преостанатите чекори од wizard-от и кликнете Finish.

Кликнете Start → Control Panel → Printers and Faxes → Add Printer
Осигурајте се дека принтерот е вклучен и подготвен и поврзан на мрежата. Кликнете на Next за да го стартувате wizard-от и одберете select a Network Printer или Printer Attached to Another Computer. Кликнете Next.
Одберете Browse for Printer и кликнете повторно Next. Одберете го безжичниот печатач што сакате да го инсталирате од листата на пронајдени принтери и кликнете Next. Доколку вашиот принтер не е излистан на ова мени, можеби не е соодветно поврзан.
Ќе ви се отвори Connect to Printer диалог прозорец. Ако ви побара драјвер, може ќе треба да го пуштите CD-то од принтерот и да го најдете драјверот на него. Доколку ова е случајот, повеќето корисници би сакале само да го инсталираат драјверот и софтверот обезбедени од производителот на принтерот. Кликнете Yes и финиширајте со Wizard-от.

Пронаоѓање на вашиод SSID и лозинка

Најлесен начин за да го најдете името на вашата мрежа и лозинката е од вашиот моментално поврзан лаптоп или мобилен уред. Во Windows 7, со лев клик на иконата за безжични конекции од taskbar-от. Претпоставуваме дека не крадете интернет од вашиот сосед, така што името актуелната конекција треба да биде името на вашата мрежа. Со десен клик врз моменталната мрежа, одберете Properties, одберете го Security табот, штиклирајте го Show characters и ќе ја видите вашата лозинка.

Исто така можете да го побарате името на мрежата и лозинката во конфигурациските страни на рутерот до кои можете да пристапите преку веб прелистувач. Отворете некој прелистувач и искуцајте ја IP адресата на вашиот безжичен рутер во полето за адреси. Можете да ја најдете дифолтната IP адреса во упатството на рутерот, но најчестите IP адреси се следниве: 192.168.1.254 и 192.168.1.1 или 192.168.0.1 (Linksys, Netgear, D-Link и некои слични на нив).


Имајте на ум дека и рутерот исто така има корисничко име и лозинка. Доколку никогаш не сте го промениле корисничкото име и лозинката, проверете ја документацијата за дифолтните сетинзи или проверете ги информациите за дифолтните сетинзи на RouterPasswords.com. Во некои случаи за жал не може да се најде лозинката. Ако навистина не можете да се сетите и никој друг не ја знае, треба да го ресетирате рутерот и повторно да го конфигурирате и сите уреди што претходно биле закачени на него, повторно да ги закачите.





Monday, May 13, 2013

Што е облак печатење (cloud printing)?


Повеќето луѓе знаат дека можат да зачувуваат и извлекуваат документи од облакот (cloud), но дали знаевте дека исто така можете и да ги печатите вашите документи преку облакот? Благодарение на зголемената функционалност на паметните телефони, таблетите и другите мобилни уреди, овие уреди успеаа да станат важни алатки за бизнис корисниците. Можноста да печатите документи од овие уреди е корисна карактеристика што многу корисници би сакале да ја имаат. Сепак, голем број од овие уреди не доаѓаат со било каков нивен систем за печатење, додека оние што имаат едвај ги поддржуваат најактуелните принтери.

Печатењето од облак (Cloud printing) им дава можност на корисниците на паметни телефони и таблети да печатат важни документи од нивните уреди кои инаку немаат способност да печатат. Без воопшто да се грижат за драјвери за принтерите, има помалку загриженост за тоа како да се услужат мноштвото на мобилни уреди или како да се овозможи поддршка за постарите (legacy) принтери. Бизнис корисниците не мораат да бидат блиску до принтерот за да ги иницираат печатењата – тие можат да ги земат документите подоцна или да ги испечатат директно на принтерот на нивниот клиент или соработник за да бидат поекспедитивни и да заштедат време.



Како работи:

Печатењето од облак е неверојатно јасна работа која први ја почнаа обиди од типот на Google Cloud Print. Најголемиот пребарувачки гигант работеше напорно со години за да ја усоврши оваа технологија и ја лансираше на крајот на Јануари 2011 год. Слични и други решенија наскоро ќе се појават, а ова работи на сите мобилни уреди и користи API (Application Programing Interface, како кога споделувате нешто на Facebook или Twitter без всушност да бидете на нивните сајтови), за собирање на податоци на custom опции за печатење.

Клучот на потенцијалниот успех на оваа технологија лежи во нејзината едноставност:


  1. Фајловите кои треба да се печатат се качуваат преку Интернет на Cloud Computing Service што олеснува печатење (како Google Cloud Print).
  2. Со користење на веб-базирана апликација, корисникот иницира ново печатење за документи протуркани (pushed) низ облак сервисот. Достапен е широк асортиман на опции и специјални карактеристики, во завистност од API-то.
  3. Припремата за печатење (printing job) е пратена од cloud сервисот до cloud aware принтер, каде што припремата за печатење се комплетира. Принтерите кои не се cloud aware мора да се потпираат на информации пратени преку Wi-Fi, Bluetooth или жичана лан конекција до принтерски сервер или до самиот принтер. Припремите исто така можат да се праќаат преку десктоп кој што е правилно поврзан со принтер.


Технички предизвици

Оваа технологија би работела најдобро со cloud-aware принтери, нова класа на принтери што ќе го направат директното печатење од облакот многу поедноставно доколку би постоеле такви принтери во моментов. Во меѓувреме, корисниците мораат да ги испраќаат нивните припреми за печатење низ обични принтери кои што се поврзани на Wi-Fi конекција или на десктоп кој што е поврзан на принтер. Ова значи дека вашиот принтер треба да биде конфигуриран коректно за да имате квалитетно и доверливо печатење.

Некои луѓе се прашуваат зошто бизнис корисниците не множат едноставно да ги пратат e-mail-овите и да остават примачите да се погрижат за печатењето. Во бизнисот времето е суштинско и секоја минута се брои во интензивни бизнис ситуации, така што имањето на брзо и разумно решение за заедничките прашања е клуч за доживување на успех. Печатењето од облак ветува дека ќе направи полесно и поудобно решавање на потребите на бизнис корисниците дури и кога тие не се во нивните канцеларии.

За еден просечен домашен корисник, може да се обложиме дека ќе го промени мислењето за тоа кога може да испечати нешто. Нели сте биле негде и сте нашле нешто на вашиот паметен телефон што сте сакале да го испечатите за да не го заборавите? Наместо тоа вие треба да одите до дома па да се сетите дека сакавте нешто да печатите па пак да го отворите документот за да можете да го префрлите на компјутерот каде што ви е поврзан принтерот и конечно да го испечатите. Тие денови може да се минато бидејќи со оваа нова технологија печатењето било каде во светот ќе стане реалност.