Friday, July 26, 2013

Што всушност е 3D печатење?


Што доколку постоеше технолошки уред кој кога е поврзан со вашиот компјутер би можел да печати цврсти предмети. Ако ви звучи нешто како од „Star Trek“ размислете повторно! Иако сме далеку од нивото на телепортацијата од „Star Trek“, 3D печатењето е реалност и има потенцијал да го измени светот што го знаеме.

Што е 3D печатење?

Ако никогаш не сте слушнале за 3D печатење, не е изненадувачки. Иако технологијата се користи во индустријата околу 30 години, 3D печатачите за крајните потрошувачи и за малите бизниси почнуваат да земаат замав од неодамна. На кратко, 3D печатењето е адитивна произвотствена техника која се користи за градење на објекти во повеќе слоеви. Откако еден слој е испринтан и создаден, се појачува, се додава друг слој и така натака. Овој процес може да трае неколку часови, но сепак крајниот резултат е опиплив 3D објект.

За што се користи 3D печатење?

Најчестата употреба на оваа технологија е да создаде брзи прототипи во рамките на индустриската област. Овие прототипи се докажало дека се многу корисни за архитектите, производителите на автомобили итн. Значи изводливо е индустриските 3D печатачи да креираат финални производи – особено во случај на метални предмети. Традиционално, обработката на метални компоненти би започнала со парче метал поголемо од готовиот дел. Од ова парче метал би се отстраниле деловите каде што треба да има дупки и заоблувања. Замислете сега дека со користење на 3D печатач би го добиле првиот дел со сите вдлабнувања, дупки и контури финиширан! Заштедите во време и материјал кои можат да се реализираат се огромни.

Потрошувачки-ориентирани 3D печатачи, од друга страна, пак, обично се користат за хоби и лични интереси. Овој тип на 3D печатење е повеќе за уживање во гледањето на она што може да направите со оваа нова технологија. Дури и мал десктоп 3D печатач би чинел преку 2000 $ но доколку сакате да бидете први во вашата населба што поседувате 3D принтер и сакате да ги совладате новите технологии, може ќе најдете оправдување за цената.

Кои методи се користат во 3D печатењето?

Постојат неколку различни методи за печатење на 3D објекти од кои можете да бирате. Овие опции се базираат според материјалот за печатење, бројот на посакувани бои, преферираната резолуција и цената. Еве неколку од најчестите техники користени за печатење во 3D:

• Моделирање со топење и напластување (Fused deposition modeling) – Ова е најчестиот метод кој се користи во 3D печатењето. Моделирање со топење и напластување (Fused deposition modeling - FMD) користи калем/навој од или пластична или метална жица која што се топи и се поставува од млазникот на печатачот. Материјалот брзо се стврднува, пред да се додаде следниот слој.

• Инкџет печатење – Овие модели се најслични со уредите кои веќе се користат во домовите и канцелариите за стандардното 2D печатење. Со користење на специјални мастила (како смоли и врзива), еден 3D инкџет печатач ќе изгради објект преку напластување на слоеви (layering). Овие печатачи се единствените од ваков вид што овозможуваат боење по желба.

• Селективно ласерско синтерирање (синтерирање е процес на претворање на материјал од прав во цврста или порозна маса со процес на загревање (често и комресирање) без ликвификација). Со селективно ласерско синтерирање (SLS), материјалот во прав може да биде од метал, пластика, керамика или стакло. SLS користи пулсирачки ласер за да „нацрта“ пресек на објектот што треба да биде испечатен. Веднаш штом се фузира правта, се формира друг слој на горниот дел. Овој метод вообичаено се користи во индустрискиот сектор, бидејќи се бара употреба на моќен ласер.

• Дигитална светлосна обработка – Најчесто рефериран како DLP (Digital light processing), овој метод на печатење конвертира буре од полимер во силен цврст материјал со помош на изложување на светлина. Со користење на овој метод може да се постигне огромна прецизност и резолуција. Како SLS, овој метод генерално се користи во индустриската област.

Која е иднината 3D печатењето?


Тоа ќе потрае некое време, но целта на 3D печатењето е да го смени начинот на кој светот води бизнис и содејствува. Еден ден технологијата ќе ни овозможи да создадеме буквално се – од алатки до играчки и се помеѓу нив. Можеби во иднината ќе можеме да праќаме по факс материјални објекти, елиминирајќи ја потребата од поштенски услуги и пакети. Само времето ќе каже што оваа технологија може да постигне за нас, но иднината може да биде многу поблиска отколку што мислите!