Tuesday, February 19, 2013

Какви опции имаме кога ни треба тонер касета за нашиот ласерски принтер?

Во суштина имаме три опции кога ни треба тонер касета за нашиот ласерски принтер:
1. Оригинални тонери (тонер касети) или може да се сретнат и како OEM (Original Equipment Manufacturer) кои се произведени од компанијата која ги произведува и принтерите.
2. Компатибилни тонери – произведени од компанија која не ги произведува принтерите (трета страна), но изработени од целосно нови компатибилни делови.
3. Преработени тонери – наполнети оригинални (ОЕМ) тонери.

Предности и маани при користење на оригинални тонери:
+ Оригиналните ОЕМ тонери се дизајнирани од страна на производителот на принтерите конкретно за нивните принтери и без никакви сомнежи тие го даваат најдобриот квалитет на отпечатените страни со најмала стапка на проблеми.
- Цената е секогаш повисока од компатибилните и преработените тонери и понекогаш се смета дека се помалку еколошки во споредба со алтернативата на преработка на оригинални тонери.

За доверливоста на тонерите постојат четири главни фактори:
- Тонерите и покрај тоа што се нови се неупотребливи.
- Тонерите се потрошуваат побрзо од декларираното.
- Квалитетот на принтот е толку низок што отпечатената страна има ограничена употреба или е целосно неупотреблива.
- Тонери кои што протекуваат или предизвикуваат штета на вашиот принтер.

Во контекст на доверливоста оригиналните ОЕМ тонери се неприкосновени, додека за компатибилните има разни искуства во зависност од компаниите кои ги произведуваат. Секако преработуваните (полнети) тонери потфрлаат повеќе од претходните две категории.

Која е вистинската опција за мене?

Јасно е дека доколку не ви се потребни “перфектно” отпечатени страници тогаш поефтината варијанта на компатибилни/преработени(наполнети) тонери е вистинската опција, но доколку сакате доверливи и квалитетно отпечатени страни тогаш дефинитивно оригиналните ОЕМ тонери се оние што ги барате.

No comments:

Post a Comment