Thursday, May 23, 2013

Како да сетирате безжичен принтер


Популарноста на безжичните принтери значително се зголеми во изминатите неколку години, главно поради фактот дека принтерите ги користат повеќе корисници (shared printer) и поради тоа дека можат да се постават скоро секаде. Со се поголемиот број на мобилни уреди како таблети и паметни телефони, сега ја имате моќта да печатите од каде било, се додека сте во рамките на вашиот Wi-Fi, се подразбира. Повеќето принтери што се произведени последниве неколку години се лесни за инсталирање и подесување, дури и како безжична единица, но ние имаме неколку совети и трикови за да можеме да ви помогнеме да ја завршите работата побрзо и поедноставно.

Претоставувајќи дека вашата безжична мрежа веќе функционира, потребни ви се две информации за да почнете да инсталирате принтер, а тоа се SSID или име на вашата безжична мрежа и лозинката доколку мрежата е заклучена (како и што треба да биде). Доколку ви е потребна помош околу ова, погледнете го делот „Наоѓање на вашето SSID и Password“ кој се наоѓа на дното на оваа статија.

Главниот ограничувачки фактор при инсталирањето на безжичен принтер е дали посакуваната локација ќе прима добар безжичен сигнал. Ние ви предлагаме да земете некој уред што има Wi-Fi (паметните телефони се одлични за оваа задача), дисконектирајте го од Wi-Fi мрежата и донесете го уредот точно на местот каде што сакате да го поставите принтерот. Доколку вашиот уред/паматен телефон може да ја види wireless мрежата и има добар сигнал, тогаш можете да продолжите со инсталацијата. Доколку сигналот е лош или непостоечки, треба да размислите за нова локација на принтерот или пак да го доближите рутерот до принтерот (или некоја поцентрална локација).

Било кои големи метални предмети, вклучувајќи градежни елементи како што се носачи, па дури и лизгачки врати и прозорци ќе влијаат на безжичниот сигнал. Некои постари згради кои користат мрежасти жици во деловите со гипс картон го блокираат скоро цел безжичен сигнал. Дури и премногу затворени врати или ѕидови ќе го деградираат сигналот. Ако вашиот безжичен сигнал е слаб или испрекинат, поместете го принтерот поблиску до вашиот рутер и избегнувајте пречки. Доколку ви е потребно да ја проширите вашата мрежа, постојат бустери за безжичен сигнал кои што се приклучуваат на ѕидот и дејствуваат како репетитори, продолжувајќи го сигналот од едниот крај на куќата/станот/канцеларијата до другиот.

Некои модели на принтери треба да се поврзат директно на компјутер (вообичаено постари модели што немат LCD дисплеј на принтерот), но повеќето можат да се сетираат на нивната финална локација. Доколку вашиот принтер сепак треба прво да се поврзе на компјутер за да се инсталира софтверот, тогаш можете привремено да го поставите принтерот блиску до вашиот компјутер кој веќе е поврзан на вашата домашна мрежа, така што ќе можете да продолжите со инсталацијата. Доколку имате лаптоп е секако полесно бидејќи ќе го конфигурирате принтерот на местото каде што планирате да го поставите. Долгорочно гледано, опциите за локацијата се доста флексибилни.

Поврзување на вашиот принтер

Откако ја одредивте локацијата на вашиот принтер, време е да го отпакувате и сетирате. Принтерите со LCD дисплеј, вообичаено ви овозможуваат да ја конфигурирате безжичната конекција директно од нивните менија. Принтерот ќе ги детектира мрежите што се во домет, потоа изберете ја вашата мрежа и внесете ја лозинката и скоро сте готови. Повеќето принтери овозможуваат да го „закачите“ вашиот принтер на рутерот преку жичана конекција или „етернет“, и така можете да ја конфигурирате безжичната конекција преку веб прелистувач. Други постари модели на принтери треба директно да се поврзат со компјутер преку USB кабел за да се конфигурира безжичната конекција како што веќе споменавме.

Автоматска инсталација

Откако го поврзавте принтерот со мрежата, можете да го стартувате цд-то што дојде заедно со вашиот принтер за да ги инсталирате драјверите и екстра софтверот на вашиот компјутер. Доколку не сакате да инсталирате дополнителен софтвер, изберете ја опцијата за мануелно инсталирање.

Мануелна инсталација

Некои корисници сакаат да го ограничат бројот на софтверски апликации што ги инсталираат на нивните компјутери. Тие корисници што сакаат да ги избегнат екстра програмите што автоматски се инсталираат доколку изберете автоматска инсталација имаат опција да изберат што сакаат да инсталираат преку мануелната инсталација. Една корисна забелешка: Windows 8, 7 и Vista доаѓаат со многу драјвери за принтери. Доколку наидете на проблеми при печатењето, ве молиме симнете ги последните драјвери од вендорот и инсталирајте ги пред да пријавувате било какви проблеми. Во случаи каде „сертифицирани“ Windows 8 и Windows 7 драјвери не се достапни, обидете се со користење на еквивалентните Vista драјвери.

  1. Доколку се обидувате да додадете мрежен принтер во вашата канцеларија, обично ќе ви биде потребно името на печатачот. Доколку не можете да го најдете, прашајте го вашиот мрежен администратор.
  2. Отворете „Control Panel“ во класичен преглед и одете во „Hardware and Sound“. Кликнете „Add a device or printer“. Од десната страна ќе имате листа на уреди што вашиот компјутер ги детектира на мрежата. Доколку е во можност да го „види“ вашиот принтер, теба да биде излистан во оваа листа.
  3. Одберете го принтерот што сакате да го користите и кликнете „Next“. (Доколку вашиот компјутер е поврзан на мрежа, имајте на ум дека само принтерите кои се излистани во Active Directory за вашиот домеин се прикажани на листата.)
  4. Доколку биде побарано, инсталирајте го драјверот за принтерот на вашиот компјутер со кликање на Install driver. Доколку ви е побарана администраторска лозинка или потврда, искуцајте ја лозинката или потврдете. Завршете ги дополнителните чекори во wizard-от и кликнете на Finish.

  1. Start → Control Panel → Devices and Printers → Add Printer Ова ќе го покрене Wizard-от за додавање на принтери.
  2. Изберете Add a network, wireless или Bluetooth принтер.
  3. Windows ќе ја пребара мрежата за достапни принтери и ќе ги излистува како што ќе ги открива еден по еден. Доколку ја имате IP адресата од принтерот што сакате да го инсталирате, едноставно направете двоен клик на името на принтерот. Доколку Windows нема достапен драјвер за принтерот, ќе ви биде побаран драјвер.
  4. Ако едноставно не можете да чекате, или принтерот за кој што сте заинтересирани не беше на листата изберете „The printer that I want isn’t listed“. Ова ќе ви овозможи да ја одберете IP адресата на принтерот што се обидувате да го инсталирате. Од оваа точка треба да сте во состојба да го комплетирате инсталирањето.
  5. Ќе бидете прашани да го преименувате принтерот, да овозможите споделување (sharing) и да го поставите принтерот како дифолтен системски принтер. Не е препорачливо да го споделувате принтерот.




  1. Отворете Printers, со кликање на Старт копчето, па Control Panel, Hardware and Sound и на крај Printers.
  2. Кликнете Add printer.
  3. Во Add printer wizard-от, одберете Add a network, wireless or Bluetooth printer.
  4. Од листата на достапни принтери, одберете го оној што сакате да го користите и кликнете Next. Доколку вашиот компјутер е поврзан на мрежа, само принтерите излистани во Active Directory на твојот домејн се прикажани на листата.
  5. Доколку ви е побарано, инсталирајте го драјверот за принтерот на вашиот компјутер. 
  6. Доколку ви е побарана администраторска лозинка или потврда, внесете ја лозинката или обезбедете ја потврдата.
  7. Довршете ги преостанатите чекори од wizard-от и кликнете Finish.

Кликнете Start → Control Panel → Printers and Faxes → Add Printer
Осигурајте се дека принтерот е вклучен и подготвен и поврзан на мрежата. Кликнете на Next за да го стартувате wizard-от и одберете select a Network Printer или Printer Attached to Another Computer. Кликнете Next.
Одберете Browse for Printer и кликнете повторно Next. Одберете го безжичниот печатач што сакате да го инсталирате од листата на пронајдени принтери и кликнете Next. Доколку вашиот принтер не е излистан на ова мени, можеби не е соодветно поврзан.
Ќе ви се отвори Connect to Printer диалог прозорец. Ако ви побара драјвер, може ќе треба да го пуштите CD-то од принтерот и да го најдете драјверот на него. Доколку ова е случајот, повеќето корисници би сакале само да го инсталираат драјверот и софтверот обезбедени од производителот на принтерот. Кликнете Yes и финиширајте со Wizard-от.

Пронаоѓање на вашиод SSID и лозинка

Најлесен начин за да го најдете името на вашата мрежа и лозинката е од вашиот моментално поврзан лаптоп или мобилен уред. Во Windows 7, со лев клик на иконата за безжични конекции од taskbar-от. Претпоставуваме дека не крадете интернет од вашиот сосед, така што името актуелната конекција треба да биде името на вашата мрежа. Со десен клик врз моменталната мрежа, одберете Properties, одберете го Security табот, штиклирајте го Show characters и ќе ја видите вашата лозинка.

Исто така можете да го побарате името на мрежата и лозинката во конфигурациските страни на рутерот до кои можете да пристапите преку веб прелистувач. Отворете некој прелистувач и искуцајте ја IP адресата на вашиот безжичен рутер во полето за адреси. Можете да ја најдете дифолтната IP адреса во упатството на рутерот, но најчестите IP адреси се следниве: 192.168.1.254 и 192.168.1.1 или 192.168.0.1 (Linksys, Netgear, D-Link и некои слични на нив).


Имајте на ум дека и рутерот исто така има корисничко име и лозинка. Доколку никогаш не сте го промениле корисничкото име и лозинката, проверете ја документацијата за дифолтните сетинзи или проверете ги информациите за дифолтните сетинзи на RouterPasswords.com. Во некои случаи за жал не може да се најде лозинката. Ако навистина не можете да се сетите и никој друг не ја знае, треба да го ресетирате рутерот и повторно да го конфигурирате и сите уреди што претходно биле закачени на него, повторно да ги закачите.





No comments:

Post a Comment