Thursday, May 30, 2013

Нова технологија која ќе спречи вашиот кертриџ да се исуши


Еден од тековните проблеми со инкџет кертриџите е дека ако не се користат доволно често, мастилото што ќе остане внатре во секој од микроскопските млазници во главата на кертриџот ќе се исуши. Ајде за момент да се вратиме на една брза лекција за глави на кертриџи. На сите инкџет принтери, она што всушност го капнува мастилото на хартијата е тоа што се нарекува глава. Постојат глави што се прикачени на самите кертриџи но и глави што се вградени во внатрешноста на принтерот.

Ова е пример на кертриџ со глава:

(А) Електрониката која што ја добива информацијата од компјутерот што и кажува на главата (В) колку мастило и каква боја мастило да испука од секој млазник. Може да има од 600 до 1200 микроскопски млазници на една глава од кертриџ.

Ова е пример на кертриџ без глава, кои се всушност само резервоари на мастило:

Во двата системи млазниците можат да се запушат со исушено мастило, најчесто од нередовно користење на принтерот. Некористењето на принтерот е смртоносно и е главната причина за запушувањето на млазниците. Има ли начин да се спречи запушувањето? Тим од инженери од Универзитетот во Мисури иновираа млазница што спречува запушување а нивната инспирација беше човечкото око. Како филм од масло што го спречува сушењето на човечкото око, така новите млазници користат капки на силиконско масло за покривање на отворот на млазниците додека не се во употреба. Бидејќи инкџет млазниците се толку мали и основата во која што се поставени е многу ограничувачка област, обидот да се копира движењето на очниот капак не доаѓа во предвид. Она што иноваторите го направија беше движење на маслото преку млазниците со помош на електрично поле.

Еден од членовите на иноваторскиот тим го објасни на следниов начин, „Покривката на млазниците што ја измисливме беше инспирирана од човечкото око. Окото и млазникот на инкџетот имаат ист проблем: не смеат да се исушат но сепак треба да бидат отворени. Ние користевме биомимикрија, имитација на природата за да решиме човечки проблеми“. Повеќето инкџет принтери ќе се обидат да ги исчистат млазниците со форсирање на рафал од мастило низ нив, но ова е скапо и се троши мастило непотребно. Со други зборови, мастилото што го плаќате многу скапо го користите како раствор за чистење! Да напоменеме дека овој метод на чистење на млазниците троши многу мастило! Значи плаќаме многу скапо мастило и потоа го користиме како раствор за чистење на запушените млазници. Па мора да постои подобар начин!

Може се прашувате зошто компаниите што ги изработуваат овие инкџет кертриџи не размислиле на оваа тема или зошто не најмиле тим на стручњаци кои би поработеле на оваа проблематика. Одговорот е едноставен, повторно е лакомост во прашање. Еден од најпознатите производители на инкџет принтери е познат по тоа што користи огромни количини на мастило за да ги исчисти нивните инкџет глави кои што се склони на запушување. Има случаи низ светот каде што потрошувачи купуваат цел сет на кертриџи во обид да ги отпушат инкџет главите и истите да дојдат следниот ден по нов сет бидејќи потрошиле цел сет во обид да ја отпушат главата на принтерот! Ова е win-win за тој производител. Ако оваа постапка не им профункционира треба да направат одлука – да купат повеќе мастило или да се откажат и да го фрлат принтерот и да купат нов принтер. Во најмала рака ова не е воопшто еколошки!

Доколку оваа технологија проработи, се прашувам какви се шансите принтерските гиганти да го прифатат решението. Моето мислење е дека нема да направат ништо, а впрочем зошто би направиле? Зошто би се откажале од дел од продажбата на мастило за печатење? Во случај пак главата да е вградена во принтерот и таа да е запушена единствениот избор може да биде да се фрли принтерот и да се купи нов што значи повеќе пари за производителот.

Само времето ќе покаже дали оваа технологија ќе стигне до јавноста, кој знае можеби на големите момци ќе им омекне срцето и за промена ќе почнат да се грижат за крајните потрошувачи наместо да се грижат само за профитот и ќе направат нешто што ќе им помогне на крајните потрошувачи да заштедат пари. Да не заборавиме дека тоа ќе и помогне на природата бидејќи ќе има помалку отпад во депониите.


Да видиме што ќе се случи.            

1 comment:

  1. Здраво, сите, јас сум Адрик Вадим што живеам во градот Курган, сакам да споделам со сите вас овде за тоа како г-дин Бенџамин ми помага со заем од 15.000.000,00 рубли за да започнам со испорака на пијалоци со храна после сè што работам неколку хотели овде во Курган само за да заработам за живеење, но жално ми се уште имав потешкотии да платам кирија, но благодарам на Бога сега што сум самовработен сега со 5 работници кои работат во мојата грижа. Само ако барате финансиска слобода, ве советувам да контактирате со г-дин Бенџамин со оваа е-пошта подолу и што е бројот на апликацијата. Lfdsloans@outlook.com + 1-989-394-3740

    ReplyDelete