Monday, June 24, 2013

Симптоми, проблеми и решенија за ласерски принтери - втор дел:

Механички симптоми.

Доколку проблемот не е квалитетот на отпечатокот, веројатно е механички проблем, еве неколку чести механички проблеми:

Лошото повлекување на хартија е најчестиот проблем од механичка природа. Понекогаш принтерите не успеваат да ја повлечат хартијата од фиоките, а понекогаш две хартии можат да се залепат и така настанува заглавување. Постојат неколку причини и поправки за лошото повлекување кои ќе ги посочиме во оваа статија.

• Доколку типот на хартија не е поддржан од страна на принтерот или пак хартијата е премногу тешка, премногу лесна или премногу мазна ќе ви се случува лошо повлекување и заглавување на хартијата. Решението би било користењето на тип на хартија што е поддржан од производителот и наведен во спецификацијата на принтерот. Бидете особено внимателни доколку печатите лабели/декларации бидејќи има принтери кои едноставно не го повлекуваат овој тип на хартија и предизвикуваат разни проблеми, вклучувајќи лошо повлекување и лепење на лепливата хартија на ролерите.
• Доколку листовите се лепат помеѓу себе, едноставно одвојте ги и издувајте ги за да се намали виткањето и лепењето.
• Доколку се повторува лошото повлекување на хартијата, можеби причината за тоа да бидат слаби федери во фиоката за хартија. Еден трик што можете да го пробате е да ставите поголема количина на хартија во фиоката за да ги притиснете федерите. Доколку ова не профункционира и не ги „измами“ федерите тогаш веројатно треба да ги замените нив или целата фиока. Доколку сте викнале техничар да го направи ова за вас, осигурајте се дека ќе ги провери и ролерите, бидејќи загреани ролери може исто така да бидат причина за повторливо лошо повлекување на хартија.

Заглавување на хартија

Еден многу чест проблем што го гледаме е заглавување на хартијата. Се случува кога хартијата не поминува соодветно низ принтерот. Заглавувањата настануваат кога се користи погрешен тип на хартија, кога хартијата е влажна, кога има мали парчиња хартија внатре во принтерот кои останале од претходни заглавувања, но често се чини и дека без некоја посебна причина хартијата се заглавува. Верувајте, толку често се случува да се заглави хартијата „без конкретна причина“ што е повеќе отколку што можете да замислите. Како и да е, секогаш најдоброто решение е темелно да се исчисти принтерот.

Изобличен отпечаток

Изобличените отпечатоци се јавуваат кога отпечатениот текст или слика не е во рамка како што треба да биде. Најчесто вината за вакавиот принт е во погрешното ставање на хартија во фиоката. За да се корегира проблемот, отстранете ја хартијата од фиоката, исправете ги рабовите на хартијата и повторно ставете ја во фиоката точно во рамките како што е впрочем и обележано во фиоката.

Проблеми со слики

Има неколку различни типови на проблеми со слики а ние овде ќе се обидеме да укажеме на оние најчестите на кои најверојатно ќе наидете.

Испечатената слика не е онаа која што сте ја испратиле од вашиот компјутер. Оваа грешка е обично на компјутерот а не на принтерот. Поради некоја причина компјутерот му пратил погрешни команди на принтерот. Ова не е проблем на принтерот туку на компјутерот па во ваков случај повикајте некој од IT.

Измешани податоци/текст е уште еден од честите проблеми што нормално е предизвикано од комуникациска грешка кога командата се праќа на принтерот. Најдобро е и во овој случај да повикате некој од IT но има некои решенија кои би можеле и сами да ги пробате. Проверете дали кабелот од принтерот и добро приклучен а ако е лабав, приклучете го добро, ресетирајте го принтерот и повторно испечатете го документот. Потоа можете да проверите дали комуникациските подесувања помеѓу принтерот и компјутерот се во ред и испечатете една тест страна како потврда за тоа. Ако и тоа не помага, тогаш принтерот може да има контролер кој не работи како што треба и во тој случај треба да го поправи сервисер за принтери.
Изгубени карактери се најчесто комуникациска грешка, пробајте да ги следите истите чекори предложени за случајот за измешани податоци.

Погрешен фонт, комуникациска грешка, софтверска грешка или фонт што недостасува – повикајте некој од IT.

Поделена слика – се мисли на случаи каде што сликата е поделена и опфаќа две страници. Причина за ова може да биде откажување на дел од принтерската меморија или немање доволно меморија за печатење на комплексни графички работи. За да се реши овој проблем потребно е да се инсталира повеќе меморија во принтерот.

Поделен текст – оваа состојба е ретко предизвикана од принтерот но може да се појави кога има недостаток од меморија за печатење на голем број на карактери. Најдобар можен начин за решение на овој проблем е да пробате да инсталирате дополнителна меморија на принтерот.

Ова се некои доста чести проблеми и нивни решенија, но доста важно е да знаете дали проблемот што ве мачи доаѓа од компјутерот или од принтерот. Ако веќе ништо од понуденово не ви помага, јавете ни се на нас бидејќи ние имаме докажани експерти од остручени за поправка на сите типови на принтери.

No comments:

Post a Comment