Tuesday, June 4, 2013

Симптоми, проблеми и решенија за ласерски принтери - Прв дел:


Мора да се согласиме сите дека принтерите се едни од најисфрустрирачките парчиња опрема што ги поседуваме во нашите канцеларии. Сигурен сум дека секој работник во канцеларија барем еднаш посакал да грабне една од тие машини направени во пеколот и да ја фрли од трети спрат. Верувале или не имам видено и технички лица како понекогаш им доаѓа да си кубат коса бидејќи иако ги направиле сите процедури правилно за да проработи принтерот, тој сепак уште го има истиот проблем.

Со сите тие ласерски принтери што денес можете да ги сретнете, навистина е невозможно да се остане во чекор со сите проблеми што може да ви се случат, особено тоа е случај со канцелариските работници кои се трудат да си ја завршат нивната работа. Но сепак постојат некои универзални симптоми на ласерските принтери кои што можат лесно да се поправат без разлика на марката или моделот. Дури и да не сакате да примените некои од овие решенија, барем ќе знаете што се случува што ќе направи да биде многу полесно објаснувањето на некое техничко лице. Во оваа статија ќе идентификуваме некои од најчестите симптоми кои што се појавуваат кај ласерските принтери и ќе ги откриеме изворите на овие проблеми и симптоми.

Лошиот квалитет на печатењето е веројатно еден од најчестите проблеми што ги слушаме од нашите потрошувачи, и во продолжение има некои брзи поправки за најчестите проблеми и симптоми.

Симптом: Нејасен или матен принт е вообичаено предизвикан од влажна хартија.
Решение: Пробајте со печатење на свежо отпакувана хартија што не била изложена на било каков тип на влага.

Симптом: Степенот на црно варира низ страната. Ова исто така е познато како хоризонтална променлива густина на печатење. Ова може да биде предизвикано од малку тонер во касетата. Други причини што може да го предизвикаат ова се навален принтер или доколку принтерот е блиску до светлосен извор.
Решение: Извадете го и протресете го принтерот за да се редистрибуира тонерот внатре во касетата. Поместете го принерот на рамна површина или помалку осветлена површина.

Симптом: Вертикална променлива густина на печатењето е уште еден типичен проблем.
Решение: Можно е да е чист ролерот, затоа едноставно исчистете го.

Симптом: Сив отпечаток (принт) често е резултат на две причини: Или сетинзите за густината треба да се подесат или OPC драмот е проблематичен.
Решение: Заменете ја тонер касетата.

Симптом: Сива позадина или црните делови се појавуваат како сиви. Ова генерално се случува кога се нанесува премногу тонер.
Решение: Во подесувањата намалете ја густината.

Симптом: Точки на страната што се појавуваат на исто растојаните (голем интервал над 7 сантиметри). Ова генерално е предизвикано од гребнатина или дупка во OPC драмот.
Решение: Заменете ја тонер касетата.

Симптом: Точки на страната што се појавуваат на исто растојаните (мал интервал под 7 сантиметри). Ова може да е предизвикано од тонерот или од фузерот.
Решение: Заменете го чистачот на фузерот, исчистете го фузерот или заменете го фузерот.

Симптом: Дамки на листот можат да се појават од нечистотија или истурен тонер во принтерот.
Решение: Исчистете го принтерот.

Симптом: Тонерот се размачкува кога ќе се протрие хартијата.

Решение: Проверете го и заменете го фузерот.

No comments:

Post a Comment