Thursday, April 4, 2013

5 работи што треба да се земат во предвид при купувањето на принтер


Без разлика дали купувате во Аполо, или на друго место, купувањето на принтер може да стане голем и досаден проблем. Најмногу поради фактот дека она што го гледаме однадвор на принтерот не е ни 20 % од она што принтерот навистина е. Се разбира, секогаш можете да го прочитате листот со спецификации кој е во прилог со секој печатач, но дали навистина знаете што барате, во однос на резолуцијата и внатрешното работење?
Многумина се соочуваат со сличен проблем како овој. Еве да речеме дека барате принтер во боја кој е брз и ефтин и ќе ги задоволи барањата на еден мал бизнис. Почнете да гледате по веб сајтови и ќе видите еден куп информации кои не ги разбирате, па затоа е најдобро малку да истражувате или да прочитате некој ваков едноставен водич за купување на добар принтер.

1. Ласерски или инкџет?

Инкџет принтерите се оние принтери со течно мастило/боја што сме ги гледале со години. Овие принтери се добри, но кога станува збор за брзина и квалитет на отпечаток не се најдобрата опција. Од друга страна, ласерските принтери се побрзи и даваат подобри резултати во поглед на квалитетот поради тонерот со пудра поради кој не е потребно време за сушење и никогаш не протекува. Тие се исто така потивки од инкџет принтерите и тонер касетите можат да испечатат многу повеќе страници во споредба со регуларните инк кертриџи.

2. Бренд?

По логичниот избор дека ласерските принтери се подобри од инкџет принтерите ќе се запрашате кој бренд е најдобар. Најчестите и најдобрите производители на мали и средни принтери се: Canon, Samsung, HP, Xerox и Toshiba, но одлуката зависи од тоа колку сте спремни да платите и од искуствата на другите кои веќе ги купиле конкретните принтери.

3. Само печатење?

Постојат различни типови на принтери кои можете да ги најдете на пазарот. Најчести се еднофункционалните принтери кои можат само да печатат. Но исто така постојат и принтери со скенер и мултифункциски принтери кои вклучуваат принтер, скенер и копир. Мултифункциските принтери се лесно претпознатливи бидејќи во нивното име секогаш стојат MFP буквите (Multi-Function Printer); овие принтери се подобри за честа употреба и за канцеларии.
Значи ако ви е потребно само обично печатење на фактури за вашиот бизнис или ви е потребен за факултет тогаш веројатно не ви е потребно ништо друго освен обичен принтер. Но доколку имате потреба од скенирање или копирање тогаш сериозно размислете за MFP принтерите.

4. Безжичен?

Безжичните принтери ја имаат функцијата да го синхронизираат вашиот принтер со други компјутери со помош на Wi-Fi. Во суштина ова е корисно во ситуација кога имате повеќе компјутери кои сакате да можат да го користат истиот принтер без притоа да морате да приклучите било каков кабел, туку со едноставно конфигурирање преку Wi-Fi мрежа.

5. Скапи тонер касети/инк кертриџи?

Важно е да се фокусирате и на цената на тонерите/кертриџите бидејќи понекогаш цената на истите ја надминува цената на принтерот за помалку од една година. Има многу различни опции за купување на тонери/кертриџи без притоа да се компромитира квалитетот на отпечатоците, како на пример компатибилни или преработени тонер касети, инк кертриџи и други делови. Само запомнете дека треба да се осигурате дека добавувачот е доверлив и дека нуди добра гаранција.

No comments:

Post a Comment