Friday, April 5, 2013

Зошто печатењето не е зло.


Да, сите сме ја виделе следнава порака насекаде на Интернет – „Не го печатете овој e-mail, можете да зачувате милиони дрвја годишно.“

Не е тајна дека една од најпознатите кампањи на еко-активистите е воздржувањето од употреба на хартијата и генерално ограничување на печатењето. Оваа зелена акција ги освои меинстрим корисниците на Интернет и во целина е доста вкоренет, утврден концепт. Нашата намера не е да се конфронтираме со оваа идеја на зелената рационалност, туку да покажеме со практични примери зошто идејата за избегнување на печатењето можеби и не е толку интелигентна.

Да замислиме една училница полна со студенти на почетокот од една нова календарска година. Да претпоставиме дека професорот подготвил документ кој би требало да се користи повеќе пати во текот на годината. Знаејќи дека неговите студенти се добро запознаени и дека повеќето од нив ги користат таблет компјутерите, Мекбуковите и паметните телефони, професорот се прашува дали не би било подобро за околината да направи документот да биде достапен само во дигитален формат, наместо да им даде печатени копии на сите негови студенти.

Образложението може лесно да се одговори, следејќи едноставна формула осмислена од Џонатан Ланг на неговиот блог од Универзитетот од Торонто. Најдобрата алатка што ја имаме за да направиме споредба на влијанието врз животната средина за било кој метод е да ја погледнеме стапката на CO2.

1. Печатењето на еден лист хартија резултира во 6 грама на CO2 по страна.
2. Користење на компјутер резултира во 60 грама на CO2 во период од еден час.

Корелацијата е прилично јасна. Печатењето на документ/страница треба да се разгледува во поглед на времето кое што ќе го потрошите за да ја прочитате. Така, доколку го пресметате читањето на една страна, ќе видите дека тоа трае во просек повеќе од 6 минути според што логички, подобра опција би била да ја испечатите.

Доколку ја читате оваа статија, добра работа е да го направите тоа на компјутер, бидејќи е многу неверојатно дека ќе ви одземе повеќе од 6 минути. Сепак во многу други случаи, еден документ се чита повеќе пати или пак се дели со повеќе читатели. Еден таков пример може да биде извештај од компанијата кој ќе биде споделен со колегите, или документ кој ќе се користи како референца од студентите за одреден временски период или флаер со информации за контакт и спецификации на една куќа во продажба.

Уште поинтересен е фактот дека емисијата на CO2 може да се намали за половина доколку се користи рециклирана хартија преработен тонер. Ова значи дека мноштвото од документи е подобро да се испечатат отколку да се читаат и користат во дигитален формат.

Да не заборавиме дека хартијата е обновлив производ и дека може да трае до 500 години, додека нашите сакани компјутери се чини дека имаат значително помал животен век и за жал се изработени од многу малку обновливи материјали.

No comments:

Post a Comment