Tuesday, April 9, 2013

Дали плаќате премногу за вашите оригинални тонери?


Повеќето луѓе не знаат доволно за компатибилните тонери. Некои мислат дека компатибилните тонери ќе ја поништат нивната гаранција на принтерот. Тоа воопшто не е точно. Други веруваат дека квалитетот на испечатените страници нема да биде добар. Тоа исто така не е точно. Компатибилните тонери се произведени со истите ОЕМ стандарди на вашиот ласерски принтер. Тие гарантирано ќе бидат исто толку добри, ако не и подобри од оригиналните тонери. Тие ќе  отпечатат ист број на страници со ист квалитет.

Можеби вистинската причина, зошто повеќето луѓе не открија како да ги преполоват трошоците при купување на тонери е тоа што веруваат во она што го велат големите компании кои што произведуваат принтери. Големите принтерски компании трошат илјадници долари секоја година да ве обесхрабрат од намерата да ги купите и пробате компатибилните тонери. Што Вие мислите, од каде доаѓаат сите тие пари за реклами?

Работата е малку иронична. Дали знаете дека големите принтерски компании Ви продаваат компатибилни и преработени тонери? Проблемот е што плаќате голема цена за нивниот бренд тонер. Погледнете ја декларацијата/етикетата на пакувањето. Погледнете дали пишува „произведено од нови и рециклирани делови“... Ова доволно кажува.

Точно е дека компатибилните тонери се поефтини. Сепак тоа не е тонер со ефтин квалитет. Компатибилен тонер е нов тонер произведен од компанија што не ги произведува принтерите. Направен е од целосно нови делови. Го содржи точно тој тонер прашок што е потребен за вашиот ласерски принтер. Повеќето компании даваат едногодишни гаранции со целосно враќање на парите за нивните компатибилни тонери. Вообичаено компатибилните тонери можете да ги купите по половина од цената на новите оригинални (ОЕМ) тонери.

Јас лично бев доста среќен со отпечатоците од оригиналниот тонер. Бев сосема неподготвен да пробам компатибилен тонер. Конечно, решив дека нема да боли доколку пробам само еден компатибилен тонер. Впрочем, таков тонер чини половина од цената на оригинален.

Кога купувате оригинални тонери плаќате седум пати повеќе од цената што сте ја платиле за вашиот ласерски принтер. Ова е базирано на нормален животен век на еден принтер од пет години. Доколку вашиот принтер трае повеќе од пет години, како што повеќето принтери траат тогаш ќе платите уште повеќе.

Првото нешто што го забележав беше тоа дека квалитетот на отпечатокот од компатибилниот тонер е исто толку добар како и од оригиналниот тонер. Потоа си помислив дека нема да трае. Но згрешив. Компатибилниот тонер дури отпечати повеќе страни од оригиналниот што го имав претходно. Не само што добив повеќе страни со ист квалитет, туку и платив помалку од половина од цената на оригинален тонер. Кога добро ја пресметав цената по страна, испадна дека заштедував 70% со користење на компатибилен тонер.

Подоцна купив уште еден таков компатибилен тонер и ги добив истите резултати. Единственота работа што се промени низ годините е дека јас сега плаќам многу помалку за компатибилни тонери. Морам да признаам дека во тој голем период од десетина години имаше и еден компатибилен кертриџ и  еден тонер кои едноставно не работеа како што треба. Но компанијата ми ги замени за нови веќе следниот ден, без ништо да доплатам. Она што го научив е следново – доколку сакате да ги намалите трошоците за тонери и кертриџи на половина, купувајте компатибилни тонери и кертриџи, но има една битна работа. Купувајте ги компатибилните тонери и кертриџи исклучиво од реномиран снабдувач. Ова е навистина важно.

Доколку сакате да заштедите пари на тонери еве што треба да направите:
Проверете на интернет детали за таквите компании – колку години се на пазарот, со кои брендови работат и најбитната работа е да се распрашате кои купувале од таа компанија и дали се задоволни. На крајот секако проверете дали даваат ганранција на производите и дали би ги замениле доколку не функционираат.

No comments:

Post a Comment