Thursday, April 11, 2013

Како да заштедите мастило без да прекинете да печатите?


Дали сте запознаени со она чувство кога го губите разумот во моментот кога ќе се појави пораката – „имате уште малку тонер“? Јас сум.

Иако печатењето не е бесплатно, тоа е неопходно за секој бизнис. Потребно е да се печатат фактури, брошури и многу други документи кои треба да ги споделите со вашите клиенти или колеги, така што не можете да прекинете со печатењето.
Барајќи решенија за заштедување на мастило додека се печати истата количина на документи, пронајдов три алатки кои се лесни за користење со кои можете да се послужите и да започнете да заштедувате.

1. EcoFont

EcoFont е софтвер кој најчестите фонтови како што се Arial, Verdana, Calibri, Times New Roman и Trebuchet MS ги претвора во еко-пријателски фонтови на тој начин што става мали дупчиња во секоја буква. Овој софтвер е достапен за купување на нивната веб страна и моментално е достапен само за Windows корисници.

Доколку не сакате да плаќате за целиот софтвер, исто така можете бесплатно да симнете фонт што се вика EcoFont Vera Sans кој што можете лесно да го инсталирате во вашиот компјутер и да почнете да го користите во сите апликации како на пример Word или Adobe. Овој фонт е истестиран и дупчињата се видливи кога фонтот е со големина 14.

2. GreenPrint

Ова е моќна алатка за мерење и намалување на трошоците за печатење во претпријатијата и домовите. Со овој софтвер може да се анализира волуменот на печатење и може да се идентификуваат можности за заштеда, како на пример бројот на страни што се печатат во боја наспроти оние кои се печатат во црно-бело. Овој софтвер доаѓа со „Советник“ опција која што ги идентификува најниските опции за печатење и конечно доаѓа со „преглед“ (preview) опција со која што можете лесно да управувате со тоа кои страни од документот сакате да ги печатите. Исто така можете да бришете слики од документите или пак да наместите само одредени страни да се печатат во црно – бело.

3. Print What You Like

PrintWhatYouLike.com е вебсајт што овозможува да земете било кое URL и да го модификувате изгледот при печатење за да го отпечатите само тоа што сакате. На пример, можете да бришете реклами, слики, цели секции итн.

No comments:

Post a Comment